НБА

Голден стејт го прегази Мемфис, победа од 30 поени разлика (ВИДЕО)

Голден стејт одигра брлијантен меч и постигна дури 142 поени, а Мемфис 30 помалку, Кари и соиграчите поведоа со 2-1 во серијата, втор триумф обезбеди и Милвоки кој со 103-101 беше подобар од Бостон. 

Голден стејт покажува моќ во натпреварите од плеј-офот, Мемфис не може само со Џа Морант кој беше расположен за игра, но не и неговите соиграчи.
 
Стеф Кари со 30 поени беше најдобар кај Голден стејт, Пул постигна 27, најдобар на мечот беше Морант со 34 поени.
 
 
Милвоки предводен од Адетокумбо го победи Бостон со 103-101. Тој постигна 42 поени, имаше 12 скокови и осум асистенции, најдобар кај Бостон беше Браун со 27 поени и 12 скокови.
 
 
Резултати:
Милвоки - Бостон 103:101 (2-1)
Голден стејт - Мемфис 142:112 (2-1)
 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе