НБА

Голден стејт без тројките на Кари го победи Бостон и дојде на чекор до титулата (ВИДЕО)

Голден стејт поведе со 3-2 во финалната серија против Бостон откако го доби петтиот дуел со 104-94. 

Голден стејт е на чекор до шампионската титула, потребна им е само уште една победа, а синоќешниот триумф го изборија без тројките на Кари, тој не постигна ниту една.
 
Домаќините водеа во најголем дел од мечот, но Бостон успеа да го сврти резултатот во своја полза во третата четвртина, сепак последниот период му припадна на Голден стејт кој на крајот дојде до триумф од десет поени разлика 104-94.
 
Најдобар кај Голден стејт беше Вигинс со 26 поени и 13 скокови, Томпсон постигна 21 поен, Кари реализираше 16. Во составот на Бостон одличен беше Тејтум со 27 поени и 10 скокови, Смарт постигна 20.
 
Следниот натпревар се игра во Бостон. Селтикс ќе се борат за мајсторка, а Голден стејт за титулата.
 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе