Извршен драфтот во НБА

Фудбалот му е љубов, кошарката му е работа: Ентони Едвардс избран за прв пик, го чека договор од 44 милиони

Ентони Едвардс утрово беше избран за прв пик на драфтот во НБА, 19 годишниот кошаркар заврши во Минесота и го чека четиригодишен договор вреден 44 милиони долари, од кои 20 милиони се загарантирани.

Утрово беше одржан драфтот во НБА, поради пандемијата на коронавирус, комесарот Адам Силвер ги соопштуваше пиковите од канцелариите на ЕСПН во Конетикат.

Како прв пик беше избран Ентони Едвардс од универзитетот Џорџија, 19 годишното момче заврши во Минесота и го чека четиригодишен договор вреден 44 милиони долари, од кои 20 милиони му се загарантирани.

Интересно е тоа што американскиот фудбал (НФЛ) му е прва љубов на Ентони Едвардс а кошарката само работа. Неодамна тој призна дека без двоумење ќе ја напушти кошарката доколку му се укаже можност да игра во НФЛ.

Голден Стејт како втор пик го избра Џејмс Вајсмен, додека Ламело Бол заврши како трет пик кај Шарлот и Мајкл Џордан.

Од кошаркарите од Европа, Килијан Хејс беше избран како седми пик од Детроит додека Дени Авдија како девети пик од Вашингтон.

Од сосесдството, Србинот Алексеј Покушевски заврши како 17. пик во Минесота.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе