Полска во четвртфиналето ја изненади Словенија, но вечерва немаше сили за ново чудо.
Избраниците на Игор Миличиќ потфрлија во нападот во првото плувреме, успеаја да реализираат само 18 поени, па Франција уште на полувремето имаше предност од 16 поени (34-18).
Полска заигра за нијанса подобро во продолжението од мечот, но и Франција одигра на високо ниво, па предноста само продолжуваше да расте и на крајот „триколорите“ славеа со убедливи 95-54.
ЈУбуселе со 22 поени беше најдобар поединец на мечот и ја предводеше Франција до прво финале по девет години.
Во репрезентацијата на Полска ниту еден играч на забележа двоцифрен учинок, Слотер со 9 поени беше најпрецизен.