Евробаскет 2022

Франција ја декласираше Полска со 41 поен разлика и се пласираше во финале на Евробаскетот

Франција по девет години ќе се бори за злато на Евробаскетот откако вечерва ја декласираше Полска со убедливи 95-54.

Полска во четвртфиналето ја изненади Словенија, но вечерва немаше сили за ново чудо.

Избраниците на Игор Миличиќ потфрлија во нападот во првото плувреме, успеаја да реализираат само 18 поени, па Франција уште на полувремето имаше предност од 16 поени (34-18).

Полска заигра за нијанса подобро во продолжението од мечот, но и Франција одигра на високо ниво, па предноста само продолжуваше да расте и на крајот „триколорите“ славеа со убедливи 95-54.

ЈУбуселе со 22 поени беше најдобар поединец на мечот и ја предводеше Франција до прво финале по девет години.

Во репрезентацијата на Полска ниту еден играч на забележа двоцифрен учинок, Слотер со 9 поени беше најпрецизен.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе