ЕВРОЛИГА ФАЈНЛ-ФОР

Фенербахче е во финале, Перо Антиќ ќе се бори за трет трофеј во Евролигата

Фенербахче со 84:75 го победи Реал Мадрид во второто полуфинале на фајнл-фор турнирот во Евролигата, Перо Антиќ против Олимпијакос ќе се бори за својот трет трофеј во континенталното натпреварување.

Во недела пред своите навивачи Фенербахче ќе се бори за трофејот во Евролигата откако денеска во полуфиналето го совлада Реал Мадрид кој беше прв на табелата во регуларниот дел од сезоната.
 
Фенербахче со ветер во грб од своите навивачи силно го започна натпреварот и со 21:13 ја доби првата четвртина, а потоа цело време го одржуваше водството за на крајот да слави со 84:75.
 
Перо Антиќ не влезе во игра на овој натпревар, најефикасен кај Фенербахче беше Удох со 18 поени, Богдановиќ постигна 14. Во составот на Реал Мадрид, Љуљ реализираше 28.
 
Фенербахче во големото финале ќе игра против Олимпијакос кој денеска направи изненадување елиминирајќи го актуелниот шампион ЦСКА Москва.
 
Доколку Фенер ја освои Евролигата, Перо Антиќ ќе стане прв Македонесо три трофеи од најголемото клупско европско кошаркарско натпреварување, а противник ќе му биде тимот со кој ги освои двете титули, Олимпијакос.

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе