Евробаскет 2022

Европа ќе добие нов шампион, во луд меч Словенија загуби од Полска

Словенија успеа да се врати од 23 поени негатива, да поведе, но на крајот загуби со 90-87, тоа значи дека ќе имаме нов кошаркарски шампион на Европа. 

Уште едно огромно изнанадување на Евробаскетот, овојпат во режија на Полска, тие го победија актуелниот европски шампион, Словенија. 
 
Полска фуриозно го почна мечот, во текот на втората четвртина поведе и со највисоки 23 поени разлика, 54-31.
 
Но Словенија успеа да ја надополни таа негатива, имаа совршена трета четвртина во која постигнаа 24 поени, а на противникот му дозволија даде само шест поени.
 
Во последниот период Словенија го сврте мечот, имаше водство и од пет разлика и тогаш се чинеше дека работите си дојдоа на свое. Но финишот и припадна на селекцијата на Полска која го врати водството и на крајот победи со 90-87.
 
Најголемата ѕвезда на Словенија, одигра лош натпревар, даде само 14 поени, погоди само 1 од 4 слободни фрлања, имаше 33 проценти реализација, 2 од 7 за три поени и 5 од 15 за два.
 
Најефикасен во составот на Словенија беше Чанчар со 21 поен, Драгиќ реализираше 17. 
 
Играч на мечот беше Матеуш Понтика кој имаше трипл-дабл учинок со 26 поени, 16 скокови и 10 асистенции.
 
Полска во полуфиналето ќе игра против селекцијата на Франција. Во другото полуфинале се среќаваат Шпанија и Германија.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе