Дури и Грците признаваат дека бевме ограбени против Црна Гора! (ФОТО)

Веста дека македонската кошаркарска репрезентација беше дрско ограбена на синоќешниот натпревар против Црна Гора, прв на Европското првенство (ЕП) во Словенија, беше меѓу најчитаните и накоментирани дури и во соседна Грција, земјата што две децении ни го загорчува животот, а заедничката процена на новинарите и читателите е дека жолто-црвените беа жестоко оштетени.

Принт-скрин од веста објавена на Онспорт.гр

Дрска кражба во Јесенице“, „Скопјанците нечесно загубија“, „Судиите ја оштетија ФИРОМ“, се дел од насловите во грчките онлајн-медиуми каде што во прилог се презентира фотографијата од спорниот момент како и видео-снимката од клучните моменти од натпреварот.

Колку и да не го сакаат својот северен сосед и колку и да се обидуваат да го избегнат зборот Македонија при нашето именување, Грците, сепак, застанаа на страната на нашите кошаркари потенцирајќи дека континенталниот собир почнал со скандал од кој тешко дека ќе се успее да заздрави организаторот на овој настан – Европската кошаркарска федерација (ФИБА-Европа).

Принт-скрин од веста објавена во Газета,гр

Селекцијата на Грција исто така игра на ЕП во Словенија и тоа во групата Д во Копер. Хелените вчера имаа лесно отворање против Шведска со победа со 28 поени разлика (79-51).

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе