Емил Рајковиќ е нов тренер на ЦСКА Москва. Ова е историски момент за македонската кошарка бидејќи тој е првиот Македонец кој седнал на клупата на толку голем клуб.
ЦСКА Москва е осумкратен шампион на Европа, има преку 50 титули во поранешна СССР и Русија и десет победи во регионалната ВТБ лига.
Минатата сезона Рајковиќ беше тренер на рускиот тим Автодор, а претходно две години беше во Астана од Казахстан. Двете екипи настапуваат во ВТБ лигата и токму таму нашиот тренер падна во очите на ЦСКА Москва.
Поради суспензијата на руските екипи, Емил Рајковиќ во својата прва сезона како тренер на ЦСКА Москва нема да игра во Евролигата.
View this post on Instagram