Емотивен говор на легендарниот Ем-џеј на комеморацијата на Брајант

Џордан со солзи во очите: Кога почина Коби, почина и дел од мене (ВИДЕО)

Мајкл Џордан имаше говор полн со емоции на комеморацијата на Коби и Џиџи, раскажа како легендата на ЛА Лејкерс му досадувал, му се јавувал и пишувал дури и во раните утрински часови и барал совети, но не му замерувал бидејќи имал огромна пасија кон кошарката и огромна желба да стане најдобар.

Денеска во Стејпл Центарот беше одржана комеморација за Коби Брајант и неговата ќерка Џиана, кои трагично го загубија животот во хеликоптерска несреќа минатиот месец. Говор одржаа неколку блиску соработници и пријатели на легенадата на ЛА Лејкарс, а еден од нив беше и големиот Мајкл Џордан.

Популарниот Ем-џеј со солзи во очите раскажуваше за својот однос со Коби Брајант, за тоа како двајцата имале близок однос и покрај тоа што луѓето ги сметале за ривали.

„Во кошарката, во животот, како родител, Коби секогаш го даваше максимумот. Можеби многу луѓе ќе бидат изненадени... но ние бевме многу блиски пријатели. Коби ми беше драг пријател, ми беше како помал брат. Сите обожаваа за зборуваат за споредбите помеѓу мене и него, јас пак сакав само да зборувам за Коби“ – раскажуваше Мајкл Џордан додека солзи течеа по неговото лице.

„Сите имаме мали браќа или мали сестри кои поради некоја причина секогаш ги сакаат нашите работи, го сакаат вашето орманче, вашите патики, сакаат се. Тој беше напаст, ако можам да го употребам тој збор. Но таа напаст се претвори во љубов со тек на време поради восхитот кој го имаат кон вас како поголем брат или поголема сестра, прашањата, желбата да се знае секој детал за животот во кој се впуштаат“.

„Ми се јавуваше, ми пишуваше во 11:30 часот навечер, во два и пол - три наутро. Зборувавме за движења, за работа со нозе, а понекогаш и за фамозниот триаголник (легендарната акција на тренерот Фил Џексон). На почетокот ме нервираше, но потоа прерасна во пасија. Коби Брајант искрено сакаше да ја научи мојата игра, односно како тој сака да игра. Ова момче имаше пасија каква што никогаш не сте виделе. Сакаше да стане најдобриот кошаркар. И како што го запознавав, сакав да станам најдобриот поголем брат што можам да бидам. Чест ми е што имав прилика подобро да го запознаам Коби, тоа што сакаше да стане подобар човек, подобар кошаркар“.

„Кога тој почина, почина и дел од мене“.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе