Неверојатна сума

Дрес на Мајкл Џордан продаден за рекордни 10 милиони долари!

Дрес на Мајкл Џордан од првиот натпревар од финалната серија во 1998 година е продаден на аукција за неверојатни 10 милиони долари, двојно повеќе од сумата која се очекуваше да ја достигне.

Мајкл Џордан, кој важи за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, продолжува да урива рекорди.

Синоќа на аукција негов дрес од првиот натпревар од финалната серија во 1998 година беше продаден за неверојатни 10 милиони долари.

Претходниот рекорд го држеше дрес на Диего Марадона од натпреварот против Англија на СП 1986 година, кога Аргентинецот го постигна контроверзниот гол познат како „божја рака“, за ова парче историја беа платени 9,3 милиони долари.

Пред аукцијата, очекувањата биле дека дресот на Мајкл Џордан од сезоната „Последен танц“, за која беше снимен и документарец, ќе се продаде за 3 до 5 милиони долари, но на крајот биле добиени рекордни 10 милиони долари.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе