Евробаскет 2022

Драгиќ: Прашајте го селекторот зошто не играв доволно (ВИДЕО)

Поразот од Босна и Херцеговина ја сруши атмосферата во словенечката репрезентација, тоа беше видливо во изјавата на Горан Драгиќ по мечот. 

Босна и Херцеговина направи големо изненадување откако ја совлада Словенија со 97-93.
 
Горан Драгиќ постигна 20 поени на мечот, иако одигра само 24 минути, (најефикасен беше Чанчар со 22). Тројца кошаркари играа преку 30 минути, но не и Драгиќ.
 
Во поголемиот дел од втората и третата четвртина, Драгиќ беше оставен на клупата.
 
Во микс зоната словенечките новинари го прашаа зошто не играше доволно во тие четвртини. А Драгиќ видно нервозен рече: „Прашајте го селекторот“.

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе

Слоганот на македонското претседателство со ОБСЕ е “It’s About People” и затоа ќе е доблесно МНР да побара помош и поддршка за да си ги заштити националните интереси, интегритетот, суверенитетот, јазикот и идентитетот.

повеќе