- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 67НОВИ / 24h
- 1 од 12
- следно ›
- Контакт
НБА
Дончиќ се врати, Далас ја победи Оклахома, 50 поени на Браун во триумф на Бостон (ВИДЕО)

По подолга пауза поради повреда, Лука Дончиќ им се врати на натпреварите, одигра 31 минута, постигна 14 поени, имаше 10 асистенции и девет скока.
Неговиот тим победи на гостувањето кај Оклахома со 95-86, а поефикасни од Дончиќ во составот на Далас беа Крис и Хардавеј со по 15 поени. Најдобар на теренот беше Гидеј од Оклахома кој реализираше трипл-дабл со 17 поени, 13 скокови и 14 асистенции.
Џејлен Браун го предводеше Бостон до победа над Орландо од 116-111 остварена по продолжение. Тој постигна 50 поени, а имаше и 11 скокови. Најдобар во составот на Орландо беше Рос со 33 поени.
Резултати:
Торонто - Њујорк 120:105
Бостон - Орландо 116:111
Кливленд - Индијана 108:104
Сакраменто - Мајами 115:113
Шарлот - Феникс 99:133
Оклахома - Далас 86:95
ЛА Лејкерс - Минесота 108:103
Кошарка
Објавено на
03 Јануари 2022 - 10:51