НБА

Дончиќ не можеше сам, постигна 45 поени, но Далас загуби (ВИДЕО)

Феникс со 121-114 го доби првиот меч против Далас во кој Лука Дончиќ беше најдобар на теренот, но немаше поддршка од своите соиграчи, серијата со триумф ја отвори и Мајами кој со 106-92 ја совлада Филаделфија. 

Феникс водеше од првата до последната минута од мечот, Далас успеа во последната четвртина само да се избори за пристоен пораз од седум поени разлика.
 
Лука Дончиќ имаше одличен меч, постигна 45 поени, имаше 12 скокови и осум асистенции, но тоа не беше доволно да се оствари победа. Во составот на Феникс најдобар беше Ајтон со 25 поени, Букер реализираше 23.
 
 
И Мајами тргна со победа, тие славеа лесна победа над Филаделфија со 106-92. Хироу со 25 поени беше најефикасен во составот на Мајами, одличен меч имаше Адебајо со 24 поени и 12 скокови. За Филаделфија, Харис реализираше 27.
 
 
Резултати:
 
Мајами - Филаделфија 106:92 (1-0)
Феникс - Далас 121:114 (1-0)
 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе