четврток, 25 април 2024

Мицкоски на Таравари му посака формирање идна влада на Македонија

На синоќешното обраќање по завршувањето на првиот круг од претседателските избори, Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека разговрал и со кандидатот за претседател на албанската опозиција Арбен Таравари, кому му честитал на резултатот како и успешни парламентарни избори и „идна влада во Македонија“.

Објавено на

часот

Сподели

„Македонија ќе ги мобилизира сите капацитети најквалитетните Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци. Ова е ваша земја, заедничка земја време е да си ја вратите во ваши раце и да испишеме заедно една нова историја со која сите заедно ќе се гордееме. Во вториот круг да не дозволиме ДУИ да успее во намерите да направи нешто кое што никој од нас не го сака, а тоа е, да направи добар резултат. Затоа, ве повикувам излезете и заедно, сите ние да гласаме за Македонија да биде повторно горда и да биде Македонија повторно твоја, да биде Македонија повторно ваша“, рече Мицкоски.

На новинарско прашање тој кажа дека со Таравари не разговарал за детали, но тоа, рече Мицкоски, ќе следи во наредните денови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ