Евробаскет 2022

Дончиќ и Словенија со победа над Литванија ја стартуваа одбраната на трофејот, Црна Гора загуби од Турција

Бранителот на трофејот, Словенија имаше успешен старт на Евробаскетот откако со 92-85 ја победи Литванија, Црна Гора со 72-68 го загуби натпреварот од Турција. 

Словенија и Литванија одиграа неизвесен меч кој го добија Словенците со 92-85. Во последната четвртина Литванците имаа предност и од пет поени разлика 78-73, но тогаш на сцена стапи Дончиќ и донесе триумф на својата репрезентација. 
 
Дончиќ мечот го заврши со 14 поени и 10 асистенции, најпрецизен во Словенија беше Мајк Тоби со 24 поени, Горан Драгиќ постигна 19. Кај Литванија Кузминскас постигна 19 поени.
 
Црна Гора водеше голема борба со Турција но Турците победија со 72-68. Во финишот од мечот Црногорците водеа со пет поени разлика 66-61, но отогаш до крајот постигнаа само два поени, а Турците реализираа 11 и го добија мечот.
 
Ларкин со 18 поени беше најефикасен кај Турција, одличен беше и нашиот Чеди Осман кој даде 15 поени. Кај Црна Гора, Дубљевиќ постигна 18 поени.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе