НИКОЈ НЕ СЛУШНАЛ НИШТО ОД ЅВЕЗДАТА НА НИКСИ

Дерик Роуз мистериозно исчезна пред дуелот на Њујорк со Њу Орлеанс

Плејмејкерот на Њујорк, Дерик Роуз мистериозно исчезна пред дуелот со Њу Орлеанс и не беше дел од составот на Никси против Пеликанс

Дерик Роуз го одработил утринскиот тренинг во понеделникот, и беше најавен во почетниот состав на Њујорк, но мистеризно исчезнал во пресрет на дуелот со Пеликанс.

Никси никако не можеле да стапат во контакт со својата ѕвезда, биле многу загрижени па дури испратиле и луѓе да го проверат апартманот на Дерик Роуз.

По крајот на средбата во која Њу Орлеанс славеше со 96-110, тренерот на Њујорк, Џеф Хорначек немаше објаснување за мистериозното исчезнување на Дерик Роуз.

„Во моментов немаме доволно информации за да ви кажам што навистина се случува” – рече Хорначек на прес конференцијата по крајот на натпреварот.

„Се додека лично не слушнеме од Дерик што се случува не можеме да соопштиме ништо”.

„Но очекувам сè да се разјасни во скоро време. Нема да коментираме на оваа тема, едноставно ќе ја почитуваме приватноста на Роуз”.

Според ЕСПН, Дерик Роуз веројатно се вратил во родниот Чикаго поради семејни причини.

Изминатите неколку дена Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави неколку милиони документи во врска со нивната работа, меѓу кои илјадници документи се однесуваат на СФРЈ и Македонија. 

повеќе

Искрено, сметам дека Трамп нема многу да се посвети на Македонија и на Балканот, како што некои мислат.

повеќе

Социјалните медиуми се алатка која овозможува двонасочна комуникација. Тоа е нивната предност,

повеќе