НБА

Далас испушти водство од +19, нов пораз од Голден стејт (ВИДЕО)

Голден стејт поведе со 2-0 против Далас во финалната серија на западот откако победи со 126-117, но првиот дел од мечот не го наговестуваше тоа. 

Далас цело време водеше во текот на првите три четвртини, а во втората на двапати имаше предност и од 19 поени разлика. Предноста почна да им се топи во третиот период, а пресвртот се случи во последната четвртина кога Голден стејт за првпат поведе.
 
Во тие последни 12 поени Голден стејт постигна дури 43 поени и на крајот дојде до убедлива победа од 126-117.
 
Лука Дончиќ имаше одлична партија, постигна 42 поени, Брансон реализираше 31. Во победничкиот тим Стеф Кари беше најдобар со 32 поени.
 
Голден стејт води со 2-0, серијата сега се сели во Далас каде се играат следните два натпревари.
 

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе