НБА

Далас и Дончиќ ја поминаа Јута, следен им е Феникс (ВИДЕО)

Далас со 98-96 победи на гостувањето кај Јута и со 4-2 ја доби серијата, во конференциското полуфинале ќе игра против Феникс кој со 4-2 го помина Њу Орлеанс. 

Далас ја доби серијата со Јута откако синоќа славеше со 98-96. Се можеше да биде поинаку доколку Богдановиќ во последните секунди погодеше отворен шут за тројка, но не успеа да реализира.
 
Дончиќ мечот го заврши со 24 поени, девет скока и осум асистенции, 24 поени кај Далас имаше и Брансон. Во составот на Јута најдобар беше Мичел со 23 поени, осум скока и девет асистенции.
 
 
Со гостинска победа и Феникс ја затвори серијата со Њу Орлеанс. Победи со 115-109 и со 4-2 оди во следната рунда.
 
Крис Пол со 33 поени беше најдобар кај Феникс, Ајтон постигна 22, во составот на Њу Орлеанс Инграм постигна 21 поен имаше и 11 асистенции.
 
 
Филаделфија со убедливи 132-97 победи на гостувањето кај Торонто и тие со 4-2 одат понатаму.
 
Ембид со 33 поени и 10 скокови беше најдобар на теренот во составот на Филаделфија, а кај Торонто Бучер беше прв играч со 25 поени и 10 скокови.
 
 
Резултати:
 
Торонто - Филаделфија 97:132 (2-4)
Њу Орлеанс - Феникс 109:115 (2-4)
Јута - Далас 96:98 (2-4)

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе