НБА

Далас и Денвер со пораз го почнаа плеј-офот (ВИДЕО)

Далас без Лука Дончиќ во составот загуби од Јута со 99-93 на свој терен, Денвер и Никола Јокиќ беа поразени на гостувањето кај Голден стејт со 123-107. 

Неиграњето на Лука Дончиќ се покажа како ненадоместливо за Далас во првиот меч од плеј-офот против Јута. Гостинот си замина со победа и поведе со 1-0 во серијата.
 
Мичел беше најдобар на теренот со 32 поени, одличен меч имаше и Богдановиќ со 26 поени, најефикасен кај Далас беше Брансон со 24 поени.
 
 
Загуби и Денвер на стартот, тие беа поразени кај Голден стејт. Стеф Кари го немаше неговиот вообичаен учинок, но и покрај тоа домаќинот дојде до триумф од 123-107.
 
Пул со 30 поени беше најефикасен кај Голден стејт, Томпсон постигна 19, а Кари 16. Никола Јокиќ со 25 поени и 10 скокови беше најдобар кај Денвер, Бартон даде 24.
 
 
Резултати:
 
Далас - Јута 93:99 (0-1)
Мемфис - Минесота 117:130 (0-1)
Филаделфија - Торонто 131:111 (1-0)
Голден стејт - Денвер 123:107 (1-0)

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе