АБА лига

Црвена звезда ја одбрани круната, останува шампион во АБА лигата

Црвена звезда со 80-77 ја доби мајсторката со Партизан и по шести пат ја освои АБА лигата. 

Очекувано и овој натпревар меѓу лутите градски ривали Црвена звезда и Партизан не помина без инциденти. Мечот траеше три и пол часа поради големиот прекин кој се случи на стартот од второто полувреме кога судиите беа нападнати со тврди предмети.
 
Поради инцидентот беше испразнета салата, па речиси целото второ полувреме се играше пред празни трибини. Црвена звезда веќе ја немаше помошта од публиката. Но тоа не го искористи Партизан.
 
Беше неизвесно во целиот тек, Црвена звезда се снајде подобро во завршницата и дојде до победа. Партизан имаше шут за израмнување, но Пантер избрза, шутна прерано и го промаши целиот кош по што можеше да почне радоста на црвено-белите.
 
Најефикасен во составот на Црвена звезда беше Давидовац со 15 поени, Волтерс постигна 12, Калиниќ имаше 11, кај Партизан Пантер постигна 27 поени.

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе