НБА

Бруклин ја продолжи победничката серија, Вучевиќ не можеше сам да ги сопре (ВИДЕО)

Бруклин Нетс ја забележа осмата победа во серија откако со убедливи 129-92 го совлада тимот на Орландо Меџик. 

Кевин Дурент се уште е надвор од теренот поради повреда, но Ирвинг и Харден го предводат Бруклин до серија победи, синоќа настрада Орландо.
 
Орландо добро почна и ја доби првата четвртина со 28-24, но толку беше отпорот, Бруклин брзо направи пресврт и на одморот заминаа со водство од 65-47. До крајот само лесно го контролираа мечот за победа од 129-92.
 
Ирвинг постигна 27 поени, имаше и девет асистенции, Харден реализираше 20 поени, имаше и девет скокови. Убедливо најдобар во составот на Орландо, а и воопшто на теренот беше Никола Вучевиќ со 28 поени и 12 скокови но тоа не беше доволно за да се избегне пoраз.
 
 
Резултати:
 
Филделфија - Далас 111:97
Бруклин - Орландо 129:92
Њујорк - Сакраменто 140:121
Мемфис - ЛА Клиперс 122:94
Денвер - Вашингтон 110:112
Милвоки - Њу Орлеанс 129:125

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе