Далас го искористи домашниот терен и го доби мечот со Феникс. Маверикс водеа во текот на целиот меч и славеа релативно лесна победа за намалување на 2-1.
Брансон со 28 поени беше најефикасен во составот на Далас, но Дончиќ имаше вкупно подобар учинок, му фалеше само една асистенција за трипл-дабл, постигна 26 поени, имаше 13 скокови и девет асистенции. Најдобар кај Феникс беше Крaудер со 19 поени.
И Филаделфија намали на 2-1 против Мајами. Иако победата беше од 20 разлика, 99-79, клучна беше последната четвртина која ја добија со 31-14.
Грин и Максеј постигнаа по 21 поен кај Филаделфија, најфеикасен на мечот беше Батлер од Мајами со 33 поени.
Резултати:
Филаделфија - Мајами 99:79 (1-2)
Далас - Феникс 103:94 (1-2)