Бостон ја врати предноста против Голден стејт (ВИДЕО)

Бостон го доби првиот меч на домашен терен против Голден стејт во финалната серија, Селтикс победија со 116-100 и сега водат со 2-1. 

Голден стејт не успеа во првиот обид да го врати „брејкот“, Кари и соиграчите синоќа загубија од Бостон.
 
Домаќините водеа речиси во текот на целиот меч, Голден стејт поведе само на стартот откако го даде првиот кош на мечот, и во текот на третата четвртина кога направи пресврт и поведе со два поени, но тоа траеше кратко.
 
Одбраната на Бостон беше особено импресивна во последниот период во кој Голден стејт постигна само 11 поени.
 
Браун со 27 поени беше најефикасен кај Бостон, Тејтум постигна 26, а Смарт 24. Во составот на Голден стејт, Стеф Кари даде 31 поен, Томпсон 25.
 
И следниот натпревар од серијата се игра во Бостон.
 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе