НБА

Батлер се повреди, но Мајами победи во Бостон и поведе со 2-1 (ВИДЕО)

Мајами го врати брејкот, го победи Бостон на негов терен со 109-103 и поведе со 2-1 во финалната серија на истокот, поради повреда на коленото Џими Батлер одигра само 19 минути. 

Главната ѕвезда на Мајами, Батлер предвреме го заврши натпреварот против Бостон и со нетрпение се чека да се види дали станува збор за сериозна повреда или ќе се врати за следните натпревари.
 
Но неговите соиграчи иако половина меч играа без него, успеаа да го победат Бостон на негов терен со 109-103. Водеа во целиот тек од мечот, домаќините успеваа да се доближат, но не и да го свртат резултатот.
 
Најдобар во составот на Мајами беше Адебајо кој постигна 31 поен, имаше и десет скокови. Најдобар на мечот беше Браун од Бостон со 40 поени, Тејтум беше тивок, постигна за него скромни 10 поени.
 
Сега е 2-1 за Мајами, и следниот меч меѓу овие два тима се игра во Бостон.
 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе