Бостон одлично го почна натпреварот, на полувремето имаше предност од 62-54, но работите се променија во третиот период. Во таа четвртина Мајами направи серија од неверојатни 22-2, го сврте мечот и веќе не го пушти водството. На крајот славеше со 118-107.
Батлер со 41 поен и девет скокови беше предводникот на Мајами во оваа победа, во составот на Бостон, Тејтум постигна 29 поени.