Суперкуп „Драган Василов - Цевка“

Баскет КАМ го доби дуелот со Бадел 1862 и го освои кошаркарскиот Суперкуп

Екипата од Македонска Каменица, Баскет КАМ го победи Бадел 1862 со 69-61 и ја почна сезоната со трофеј, го освоија Суперкупот „Драган Василов - Цевка“. 

Баскет КАМ одлично го отвори мечот, направи водство од 8-2, но кошаркарките на Бадел брзо возвратија и го свртеа резултатот во нивна полза, 11-10.
 
Потоа почнаа поголеми осцилации на екипите. Баскет Кам стигна до +17 поени, а на полувремето замина со водство од 45-31.
 
Се чинеше дека лесно ќе дојдат до трофејот, но Бадел не само што се врати туку направи неверојатна серија од 16-0 и целосно го сврте мечот, поведе со 47-45.
 
Но завршницата им припадна на девојките од Македонска Каменица кои на крајот славеа со 69-61.
 
Најдобра во составот на Баскет КАМ беше Сања Адамовска со 21 поен, за Бадел Кејтлин Метју реализираше 25 поени.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе