Квалификации за СП

Бајиќ: Во вториот дел снемавме енергија, ги загубивме фокусот и концентрацијата

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ е половично задоволен од денешното издание против Украина. 

Македонија во Киев одигра одлично прво полувреме и катастрофално второ по кое доживеавме убедлив пораз од 78-61.
 
„Честитки за Украина за победата. Морам да ги пофалам момците за првото полувреме кога е во прашање. Имавме краток период на подготовка за овој меч. Ги испочитувавме работите за кои се договоривме во поголемиот дел од мечот. Влеговме во дуелот со еден спор ритам. Не дозволивме Украина да се разигра, менувавме одбрана, имавме контрола на играта, го држевме и скокот под контрола, немавме грешки“, изјави Бајиќ по натпреварот.
 
„Но во вториот дел снемавме енергија. Можеби напорниот пат си го направи своето. Така ја загубивме концентрацијата и се распадна се што градевме претходно. Фокусот и концентрацијата на крајот одлучија за конечниот резултат. Шпанија и Украина беа доста тешки натпревари за нас. Мора да одиме понатаму, има уште натпревари да се играат и во февруари се надевам дека ќе бидеме комплетни. Ни недостасуваат пет играчи, тоа е многу и ни прави проблем во подготовката на натпреварите“.

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе