Квалификации за СП
Бајиќ: Во Украина сме со намера да го дадеме максимумот и да дојдеме до победа

Вечерва со почеток од 18 часот Македонија гостува на Украина. Двете репрезентации ќе ја бркаат првата победа откако и тие беа поразени во воведното коло, загубија на гостувањето кај Грузија со 88-83.
Селекторот Бајиќ е задоволен од работата со македонските кошаркари кои смета дека имаат сериозен потенцијал и верува во добро издание во Украина.
„Украина играше со Грузија и пружи добар отпор. Имаат одличен ростер и доста искусен тренер. Треба да се одмориме колку што можеме и да се подготвиме за натпреварот во понеделник. Сигурно е дека далечното патување ни создава и дополнителни проблеми, затоа што времето за анализа и подготовка ќе биде навистина кратко. Искрено, сите наши подготовки беа за средбата со Шпанија. Па во овој простор кој е пред нас ќе се бидеме да направиме целосна анализа за она што следува, дуелот со Украина. Како и да е, тука сме со намера да пружиме некој наш максимум и со амбиции, со намера да пробаме да го добиеме овој натпревар. Со уверение дека од натпревар во натпревар овој тим ќе расте и ќе расте. Атмосферата во екипата е навистина добра. Работам со доста карактерни момци, и навистина сум задоволен. И уживам во работата поради која сум овде“, вели Бајиќ.
Еден од главните адути во Украина треба да ни биде Џејкоб Вајли кој против Шпанија одигра 16 минути за кои постигна десет поени, имаше и пет скока.
„Што може да се очекува од овој натпревар? Украина има доста добар тим, и сигурно е дека не очекува еден тежок меч. Ова е уште еден предизвик за нашиот млад тим, да покаже дека навистина може да игра против вака силни репрезентации, како на пример, шпанската. Она што се очекува од нас е да се бориме за секоја топка, за секој посед, сите да ја дадеме енергијата на теренот, па ќе видиме што ќе излезе од сето тоа. Мора да го имаме оној натпреварувачки дух потребен за вакви натпревари во кои се бориме за пласман на Светскиот Куп“, вели Џејкоб Вајли.
Кошарка
Објавено на
29 Ноември 2021 - 12:38