Претквалификации за СП 2023

Бајиќ: Оставивме лош впечаток на крај, но ја остваривме целта, како први одиме во квалификациите

Македонската кошаркарска репрезентација го освои првото место во претквалификациската група иако синоќа загуби од Словачка со 16 поени разлика. 

Селекторот Драган Бајиќ не е задоволен од синоќешното издание на своите кошаркари, но е задоволен од освоеното прво место.
 
„Оставивме лош впечаток за крај. Но, би сакал да им честитам на момците, ја остваривме целта, први одиме во квалификациите за СП 2023. На стартот никој не веруваше дека можеме да ја минеме оваа фаза, посебно по поразот од Швајцарија и најголемите оптимисти кренаа раце од нас. Но, јас им кажав на сите дека ќе работиме чесно, и чесно ќе се вратиме. Уште еднаш, честитки до сите, благодарност до претседателот Перо Антиќ за довербата“, изјави селекторот Драган Бајиќ.
 
„Што се однесува до мечот, тешко е психолошки да го подготвиш тимот за меч за кој знаеш дека можеш да загубиш 20 разкика, а пак да си прв. На овој турнир имавме добра одбрана, но на овој натпревар потфрливме. Немавме однос на терен како на претходните мечеви“.
 
„Ова е историски за македонската кошарка, да се играат квалификации за СП 2023. Ние според некое мое видување останавме без девет играчи во ростерот. Мора малку време и простор да се види кој од оние сите играчи кои не ни помогнаа сега, ќе можат да помогнат после. Доаѓа европската елита, сакам да им дадам шанса на сите и на помладите играчи кои во следните години треба да бидат со репрезентацијата“.
 

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе