МАКЕДОНЕЦОТ ИМА МИНАТО СО ФАНОВИТЕ НА ПАО

Антиќ: Свирежите од навивачите на Панатенаикос дополнитено ме мотивираат

Македонскиот кошаркар, Перо Антиќ вели дека со навивачите на Панатенаикос има минато и не е изненаден од свирежите кои ги добива, но за него тоа е дополнителна мотивација.

Перо Антиќ со голем успех го носеше дресот на Олимпијакос, лутиот ривал на Панатенаикос, па „зелените“ од Атина добро го паметат Македонецот.
 
Антиќ со Фенербахче за три дена два пати славеше над Панатенаикос во Грција и е на чекор да се пласира на фајнл-фор турнирот во Истанбурл. 
 
Македонецот беше мета на свирежи од навивачите на Панатенаикос, но тој вели дека тоа за него е само дополнителен мотив.
 
„Имаме минато со навивачите на Панатенаикос, па нормално е што ми се лути. Но, јас сакам да играм вакви натпревари, во ваква атмосфера, свирежите само дополнително ме мотивираат“ - вели Антиќ.
 
„Одигравме два натпревари во Атина и два пати победивме, сега серијата се сели во Истанбул и треба да одиграме како да е 0-0 и верувам дека ќе се пласираме на фајнл-фор турнирот кој се игра во Истанбул каде ќе имаме поддршка од нашата публика“.

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе