Ќе биде дел од преговорите меѓу Русија и САД за размена на затвореници

Американска кошаркарка е осудена на девет години затвор во Русија

Една од најдобрите кошаркарки, Американката Бритни Грајнер е осудена на девет години затвор во Русија затоа што поседувала масло од канабис. 

Американката Бритни Грајнер доби казна од девет години затвор плус парична глоба од околу 16.000 евра затоа што ѝ било пронајдено масло од канабис.
 
Таа ја призна вината иако тврдеше дека немала намера да го стори тоа.
 
Настанот се случил на 17 февруари кога на аеродромот во Москва во нејзиниот багаж било пронајдено масло од канабис во патрони за електронски цигари.
 
Обвинителот Николај Власенко побара девет и пол години затвор за Грајнер, на крајот таа беше осудена на девет. За ова дело максималната казна во Русија е десет години затвор.
 
„Никогаш не сум сакала да повредам никого, немав намера да ги загрозам руските граѓани или да ги прекршам законите. Направив грешка и се надевам дека вашата проценка нема да го заврши мојот живот тука. Знам дека сите постојано зборуваат за политички пиуни и полтика, но се надевам дека тоа не се случува во оваа судница. Сакам уште еднаш да кажам дека немав намера да ги прекршам руските закони. Не планирав да го извршам овој криминал“, рече Гајнер.
 
Таа изјави и дека при апсењето не ѝ биле објаснети нејзините права, и било наредено да потпише документи без да ѝ објасни некој што пишува во нив. Дури два дена по апсењето ѝ бил донесен преведувач и адвокат.
 
Судењето на Гајнер беше забрзано поради политички причини. Русија и САД преговараат за размена на затвореници во која треба да биде и кошаркарката.
 
И претседателот на САД, Џо Бајден проговори за случајот и рече дека кошаркарката била неправедно затворена во Русија.
 

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе