Правилата се јасни

Зошто црвениот картон за Томори во поразот на Милан од Челси е исправна одлука

Пеналот во корист на Челси и црвениот картон за Фикајо Томори е моментот кој крена голема прашина, но одлуката на судијата Даниел Зиберт да го исклучи дефанзивецот на Милан е во согласност со правилата.

Милан синоќа го пречека Челси пред полн Сан Сиро, мечот заврши со победа на гостите од 0-2, а многумина сметаат дека судијата го уништил дербито со смешен црвен картон.

Во 18. минута од пресметката, Маунт изби пред противничкиот голман, Томори во два наврати се обиде да го повлече од зад грб, фудбалерот на Челси остана на нозе и биеше, но откако голманот на Милан одбрани, судијата реши да покаже на белата точка.

Даниел Зиберт дополнително го навлече гневот на „росонерите“ и публиката откако му покажа црвен картон на Томори.

Неговата одлука крена голема прашина, на социјалните мрежи имаше огромна дебата, но црвениот картон е она што правилата го налагаат.

Пред неколку години, правилата беа променети, па играчите кои ќе спречат чиста шанса за гол и ќе направат пенал, повеќе нама автоматски да добијат црвен картон и суспензија од еден натпревар.

Но играчот ќе помине со жолт само доколку се обидува да ја игра топката, во сите останати ситуации казната е исклучување.

„Кога играчот прави прекршок врз противник во својот шеснаесетник и спречува чиста шанса за гол а судијата досудува пенал, играчот добива опомена доколку се обидел да ја игра топката, во сите други околности (на пример држење, влечење, туркање, без можност да ја игра топката) играчот мора да биде исклучен“ – се вели во членот 12 од правилата на ИФАБ.

Па откако судијата Зиберт покажа на белата точка, црвениот картон е она што го налагаат правилата бидејќи Томори не се обидуваше да ја игра топката и го влечеше противникот.

Дали влечењето имаше доволно интензитет за да се покаже на пенал или не, е сосема друга дискусија.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе