Лига на шампиони

Жиру со „ножички“ му донесе победа на Челси, Баерн Минхен е пресилен за Лацио (ВИДЕО)

Челси со 1-0 го победи Атлетико Мадрид благодарение на супер гол на Оливие Жиру, Баерн Минхен со 4-1 славеше над Лацио во Рим. 

Атлетико Мадрид го пречека Челси во Букурешт, а овој град не се покажа како среќно место за тимот на Симеоне.
 
Натпреварот како што и се очекуваше не изобилуваше со голови, клучниот момент се случи во 71. минута, а во главна улога беше Оливие Жиру.
 
Топката до Жиру дојде од играч на Атлетико Мадрид, а тој со совршени ножички ја удри топката и таа заврши зад грбот на Облак.
 
Челси оствари голем резултат кој му носи убава предност пред реваншот.

Ако Челси дојде до убава предност, може да се каже дека Баерн Минхен уште вечерва може да слави четвртфинале откако со 4-1 победи на гостувањето кај Лацио.
 
Резултатот беше отворен уште во деветата минута кога Левандовски искористи една грешка на домаќините и погоди за водство од 1-0.
 
Во 24. минута младиот Мусиала погоди предност на Баерн од 2-0, а пред крајот на првиот дел Сане реализираше и за 3-0.
 
Само две минути игра во второто полувреме беа потребни за Баварците да дојдат и до 4-0, а стрелец на голот беше Ачерби кој ја затресе сопствената мрежа. Во 49. минута Кореа конечно донесе радост за Лацио и ги постави конечните 1-4.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе