Му здодеало од замислите на Пеп

Жесус откри зошто се решил за трансфер во Арсенал: Или играте како што замислил Гвардиола, или си одите

Габриел Жесус во разговор со ЕСПН откри зошто го заменил Манчестер Сити со Арсенал, му здодеало да игра под замислите на Пеп Гвардиола.

По пет години на Етихад, Габриел Жесус реши да го напушти шампионот на Англија за нов предизвик и трансфер во Арсенал вреден 45 милиони фунти.

Во разговор со ЕСПН, Бразилецот ја образложи својата одлука и вели дека му здодеало да игра под замислите на Пеп Гвардиола.

„Гвардиола го разбира фудбалот на свој начин и бара да играте така, на вас е дали ќе го прифатите тоа или нема. Доколку не го прифатите, „благодарам и ајде по нов предизвик“. Едно време го прифаќав, но дојде момент кога си реков, „сакам нешто друго“. Му се заблагодарив, тој ме разбра и продолживме секој по својот пат“ – вели напаѓачот.

„Тука во Арсенал е различно, различни играчи, различен стил на игра“.

„Во Сити беше многу поинаку. Напаѓачот не ја допира топката толку многу. А и кога доаѓа време да се допре топката не ја допира напаѓачот бидејќи Гвардиола става фудбалер од средниот ред да игра таму. Па одлучив дека ми треба промена, разговарав со Артета за стилот во Арсенал, се познаваме добро, разбирам што бара од мене“.

„Сега сум слободен на теренот, играм со насмевка на лицето“.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе