Истрагата за криминал си го стори своето

Земјотрес во Јувентус: Ањели и целиот борд на директори поднесоа оставки

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели поднесе оставка, ист чекор повлече и целиот борд на директори на „старата дама".

Земјотрес во Јувентус, оставки поднесоа претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед, генералниот извршен директор Маурицио Аривабене и сите останатите директори од бордот.

Ваквиот потег е резултат на истрагата „Призма“ и процесот кој обвинителството од Торино го покрена против „старата дама“.

Спорни се финансиските извештаи од последните три години и постои сомнеж дека е направена измама од преку 200 милиони евра со помош на фиктивни капитални добивки и маневар со платите.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе