Пеле оваа недела повторно беше примен во болница, се пишуваше дека неговата здравствена состојба не е добра, но тој синоќа се огласи на социјалнтие мрежи и испрати позитивна порака, објасни дека се работи само за редовна контрола.
Но медиумите од Бразил продолжуваат со шпекулациите и последните информации велат дека хемотерапијата повеќе не делува на Пеле.
Бразилската легенда е префрлен на палијативна нега, и добива третмани за да му се намали болката и недостатокот на воздух.
Во меѓувреме, во Доха, ФИФА му оддаде почит на Пеле, па со преку 100 дронови на небото беше нацртан дрес со бројот 10, а подоцна беше испиша и пораката, „Оздрави побрзо“.