ПЕСИМИСТИЧКИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРИЈА

Заврши сезоната за Златан Ибрахимовиќ

Медиумите од „Островото" пренесуваат дека сезоната за Златан Ибрахимовиќ е завршена по вчерашната повреда на дуелот со Андерлехт во Лига Европа

Швеѓанецот се повреди во завршните минути од регуларниот дел на реваншот со Андерлехт откако лошо доскокна по еден воздушен дуел.

Жозе Мурињо по крајот на натпреварот истакна дека повредата не изгледа добро, а според пишувањата на медиумите од „Островото“ најпесимистичките прогнози се покажале како точни.

Скај Спортс и уште неколку весници пренесоа дека поради повреда на коленото сезоната е завршена за Златан Ибрахимовиќ и мали се шансите напаѓачот одново да го видиме на терените оваа сезона.

Не верувам дека Суперкупот нема да се одржи во Скопје. Ако намерата беше таква, досега УЕФА тоа одамна ќе го стореше. 

повеќе

Помина 22 јуни во уште едно потсетување, дека пред 16 години во 4,30 часот почна битката за Арачиново во која загинаа тројца припадници на македонските полициски сили.

повеќе

И во Турција, како и во Иран и Романија народот постојано ќе го поставува истото прашање: дали средствата потрошени за глорификација на власта можеа да бидат употребени за искоренување на сиромаштијата.

повеќе