Полскиот голман откри

За време на мечот Шчесни загубил облог од Меси, но нема намера да му ги даде парите

Пред пеналот Војчех Шчесни и Лео Меси се обложиле во 100 евра, полскиот голман го загубил облогот, но вели дека нема намера да му ги даде парите на Аргентинецот.

Пеналот на Аргентина беше крајно сомнителен, повеќето сметаат дека тоа не беше пенал, уверен во тоа бил и Шчесни. Кога судијата тргнал да ја гледа снимката, Шчесни му предложил на Меси да се обложат во 100 евра, Полјакот рекол дека судијата нема да досуди пенал.

Тоа не се случи, пеналот беше досуден, а Шчесни го загуби облогот. Негова сатисфакција е одбранетиот пенал и фактот што Полска и покрај поразот помина во осминафиналето.

„Разговаравме пред пеналот. И му реков се обложувам во 100 евра дека судијата нема да досуди пенал. Така да загубив облог и треба на Лео да му дадам 100 евра. Не знам дали тоа е дозволено на Светско првенство, можеби ќе бидам и суспендиран. Но, не ми е гајле. Ама, нема да му платам. Галје му е на Меси, дајте за 100 евра?“, рече Шчесни и сите ги изнасмеа.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе