Премиерлига

Возбудлив дуел со шест погодока во Лондон, малку фалеше Брентфорд да го шокира Ливерпул (ВИДЕО)

Брентфорд и Ливерпул одиграа возбудливо реми од 3-3, малку фалаше домаќините да го шокираат шампионот, но голот на Тони во финишот од мечот беше поништен поради офсајд.

Ливерпул со само еден бод си замина од гостувањето во Лондон кај новајлијата Брентфорд, избранците на Клоп два пати водеа, но малку фалеше да останат со празни раце.

Брентфорд прв зададе удар, Пинок го матираше Алисон за 1-0 во 27. минута од мечот. Но „црвените“ веднаш одговорија, Жота донесе 1-1.

По десетина минути игра во вториот дел, Салах донесе преденост од 1-2 за Ливерпул, но Јанелт во 63. минута се погрижи за нов егал. Но не се чекаше многу за уште една промена на резултатот, Џонс во 67. минута релизираше за 2-3.

Брентфорд покажа дека ќе биде тврд орев оваа сезона, не се предаде и Виса во 82. минута донесе нова радост за домаќините и 3-3.

Малку фалеше фаворитот да биде шокиран, Тони погоди за 4-3 во последните минути, но голот беше поништен поради офсајд и бодовите беа поделени.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе