Зајдливи коментари кон судијата Хил Манзано

Во соблекувалната на Барса се скандирало: Победивме против 11 од Осасуна и 1 од Реал Мадрид!

Во емисијата Ел Чирингито беше откриено како се славело во соблекувалната на Барселона по победата на Осасуна, имало зајадливи коментари за судијата Хесус Хил Манзано.

Реал Мадрид во понеделникот киксираше на гостувањето кај Рајо, за прв пат загуби во Ла Лига оваа сезона и на Барселона и го препушти врвот на табелата.

Малку фалеше „каталонците“ вчера да не го искористат подарокот од лутиот ривал, губеа со 1-0 на гостувањето кај Осасуна и играа со играч помалку откако Роберт Левандовски за половина час доби два жолти картони и беше исклучен.

Сепак, и со играч помалку, избраниците на Чави направија пресврт во продолжението од мечот, Педри на стартот од вториот дел изедначи на 1-1 за Рафиња на 5 минути пред крајот да погоди со глава од 16 местри за 1-2 и голема радост.

Со овие три бода, Барселона се погрижи на пауза да замине како лидер, па во соблекувалната имаше славје.

Во емисијата „Ел Чирингито беше откриена дел од атмосферата во соблекувалната каде се скандирало, „Победивме против 11 од Осасуна и 1 од Реал Мадрид!“

Ова е зајадлив коментар за судијата Хесус Хил Манзано, кој очигледно го навлече гневот на Барса со своите одлуки.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе