Пријателски натпревар

Во крајно неизвесен меч, Дончиќ ја предводеше Словенија до победа над Србија (ВИДЕО)

Лука Дончиќ и Словенија беа подобри од Никола Јокиќ и Србија, мечот беше неизвесен до самиот крај, се играше и едно продолжение, домаќините победија со 97-91. 

Словенија и Србија одиграа пријателски натпревари, а главни ѕвезди беа Лука Дончиќ и Никола Јокиќ кои беа најдобри играчи во своите репрезентации.
 
Мечот во регуларниот дел заврши нерешено 86-86, па се играше и продолжение. Србија имаше предност од 91-89, а промаши и два отворени шута за тројка преку Вања Маринковиќ. На крајот Словенија даде уште осум поени, не прими ниту еден и победи со 97-91.
 
Најдобар на паркетот беше Лука Дончиќ со 34 поени и девет асистенции, во тимот на Србија, Никола Јокиќ постигна 26 поени, имаше и 12 скокови.
 
Еве еден од потезите на вечерта на Лука Доначиќ, прво банана од позади, а потоа и поени.
 

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе