СП 2022

Влаховиќ за секс-скандалот со сопругата на Рајковиќ: Тоа се измислици на искомплексирани луѓе (ВИДЕО)

Душан Влаховиќ ги негираше пишувањата во српските медиуми дека тој имал афера со сопругата на голманот Предраг Рајковиќ. 

Напаѓачот на Јувентус денеска се појави на прес-конференција и ги негираше сите невкусни пишувања во кои се споменуваше тој како главен лик.
 
„Тие работи кои сите ги слушаме и читаме, мислам дека се сериозни глупости и сериозни небулози. Мислам дека тоа е производ на луѓе на кои очигледно им е достадно и очигледно немаат што друго да прават во слободно време затоа што се искомплексирани, лути на некој, исфрустрирани и очигледно работат против интересите на репрезентацијата. Но, ние сме пообединети од било кога, атмосферата никогаш не била подобра. На тие луѓе кои ги измислуваат приказните не им замерувам бидејќи тоа се луѓе кои не постигнале ништо во животот, луѓе кои имаат празни биографии. На моето име сигурно нема да собираат поени и сигурно нема да се кренат над останатите бидејќи секогаш биле мали и тоа го покажуваат секој ден“, изјави Влаховиќ.
 
Влаховиќ негираше и дека е во лоши односи со селекторот Драган Стојковиќ - Пикси, бидејќи и такви шпекулации се појавија во јавноста.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе