Србинот повторно ја налути Фиренца

Влаховиќ уште не го облекол дресот на Јувентус а го чека казна

Душан Влаховиќ синоќа го комплетираше трансферот во Јувентус, како честитка од Фиренца го чека казна за прекршување на правилата за изолација.

Душан Влаховиќ вчера пристигна во Торино, ги помина редовните лекарски прегледи, стави потпис на договорот и стана нов фудбалер на Јувентус во зделка вредна преку 90 милиони евра.

Медиумите од Италија сега пренесуваат дека Србинот го чека казна за прекршување на правилата за изолација. Локалните здравствени власти (АСЛ) од Тоскана потврдија дека Душан Влаховиќ еден ден порано ја напуштил изолацијата без дозвола.

„Правилата се јасни, оние кои се вакцинирани со три дози, помеѓу позитивен и негативен тест треба да чекаат 7 дена (Влаховиќ чекал 6 дена). Доколку предвреме заминал од изолација, тоа е кршење на правилата и ќе добие казна“ – вели директорот на АСЛ Тоскана, Џорџо Гарофало.

На социјалните  мрежи се огласи и градоначалникот на Фиренца, Дарио Нардела: „Доколку се потврдат како точни информациите дека Душан Влаховиќ ги прекршил правилата за изолација и порано ја напуштил Фиренца, тоа е сериозен прекршок. Спортски шампион не треба вака да се однесува! Ова е разочарување“.

Според новинарот Ромео Агрести, Душан Влаховиќ ја напуштил Фиренца бидејќи верувал дека има зелено светло за тоа, и добил дозвола од здравствените власти (АСЛ) на Торино да ги направи лекарските прегледи откако добил негативен тест.

Останува да се види дали ќе му биде прогледано низ прсти или Душан Влаховиќ кариерата во Јувентус ќе ја започне со казна.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе