Голем ден за Србинот

Влаховиќ пристигна во Торино за да стане најскап трансфер во Италија и трет најскап во светот

Душан Влаховиќ утрово пристигна во Торино на лекарски прегледи, Србинот ќе стане најскапиот транфсер во Италија и треtиот најскап трансфер во светот кога е во прашање зимскиот преоден рок.

Голем ден за Душан Влаховиќ, Србинот пристигна во Торино да го комплетира трансферот во Јувентус вреден околу 75 милиони евра, и да стави потпис на четири ипол годишна соработка со „старата дама“ за плата од 7 милиони евра по сезона.

Напаѓачот во 9:45 часот се појави во „Ј Медикал“ на редовни лекарски прегледи и сега само прашање на време е кога ќе пристигне официјална потврда.

Со сумата од 75 милиони евра, Душан Влаховиќ ќе стане најскапиот трансфер во Италија кога е во прашање зимскиот преоден рок, и третиот најскап трансфер во светот. Побогати трансфери во јануари месец имаат направено само Филипе Кутињо и Вирџил ван Дајк.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе