Шведскиот репрезентативец со македонско потекло, Дејан Кулушевски ќе биде првата „жртва“ по трансферот на Душан Влаховиќ во Торино вреден 75 милиони евра.
Офанзивниот фудбалер беше понуден на Милан, но големи се шансите да ја напушти Серија А и да се пресели во Лондон.
Како што пренесува „Атлетик“, Тотнем работи на ангажман на Дејан Кулушевски, „спарси“ сакаат да го донесат на позајмица со опција или обврска за перманентен трансфер.
Интерес за неговите услуги пројавува и Арсенал, се говори дека утрово имало конференциска врска помеѓу спортскиот директор на Јувентус, Федерико Керубини и неговиот колега од таборот на „топчиите“, Еду.
Тема на разговор биле неколку фудбалери, Јувентус се распрашувал за Пјер Емерик Обамејанг, а Арсенал за Дејан Кулушевски и Артур.