Ла Лига

Винисиус Жуниор му донесе победа на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Реал Мадрид се враќа со целиот плен од гостувањето кај Елче откако победи со 2-1, Винисиус Жуниор беше херојот на кралскиот клуб, тој ги постигна двата гола. 

По киксот против Осасуна, Реал Мадрид им се врати на победите во Ла Лига откако го совлада Елче на негов терен.
 
Резултатот беше отворен во 22. минута кога по едно мајсторско додавање од Диаз, Винисиус даде гол за водство на Реал Мадрид од 1-0.
 
Во 73. минута Винисиус уште еднаш ја тресеше мрежата на домаќините за предност на Реал Мадрид од 2-0.
 
По една грешка на фудбалерите на Реал Мадрид, Миља намали на 2-1 во 86. минута и го направи финишот поинтересен, но тоа се покажа само како почесен гол за Елче.
 
Реал Мадрид е на врвот со 24 бода колку што има и Реал Сосиедад, но мадридскиот клуб има подобра гол разлика.

в

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе