Ла Лига

Виљареал го имаше поседот, повеќе додавања, корнери и удари но Атлетико ги однесе трите бода (ВИДЕО)

По двата кикса против Леванте во Ла Лига, Атлетико вечерва им се врати на победите и стигна до триумф од 0-2 на гостувањето кај Виљареал.

Леванте ја врати неизвесноста во трката за титулата во Шпанија, Барса и Реал Мадрид се надеваа на додатна услуга од Виљареал, но избраниците на Симеоне вечерва стигнаа до три бода и покрај тоа што не одиграа на потребното ниво.

„Жолтата подморница“ го имаше поседот на топката, речиси двојно повеќе додавања од противникот, три пати повеќе удари, во корнери беше 10-2 но во најзначајната статистичка категорија, „колчонероси“ имаа 0-2.

Атлетико поведе со автоголот на Алфонсо Педраза во 25. минута за толку посакуваната победа да ја осигура Жоао Феликс со прецизен шут од врвот на шеснаесетникот во 69. минута.

„Колчонероси“ сега имаат +5 во однос на Барселона, но и натпревар помалку, и +6 во однос на Реал Мадрид, кој има ист број на натпревари.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе