ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ:

Видеолотарија овозможи ОУ „Христо Узунов“ од Охрид да добие мултуфункционално спортско игралиште

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија касинос Австрија го пушти во функција  мултифункционалното спортско игралиште во ОУ „Христо Узунов“ од Охрид. За неговата реконструкција, Видеолотарија обезбеди 3,28 милиони денари.

Ова игралиште е петто по ред од овој тип, во склоп на проектот „Играј со најдобрите“. Претходно веќе беа ставени во функција игралиштата во Свети Николе, Битола, Гевгелија и Лојане.

„Со оваа донација овозможивме да се направи ново и модерно спортско игралиште на кое младите ќе може да играат ракомет, фудбал, кошарка. Игралиштето има нова подлога, спортски реквизити, ограда, со што овозможуваме децата да играат и спортуваат безбедно“, рекоа од Видеолотарија.

Директорката на училиштето, Марина Ѓоргоска изрази благодарност до Видеолотарија касинос Австрија, нагласувајќи дека  со ова игралиште, училиштето ќе биде пример како да се развива и унапредува воспитно-образовниот процес, но и како треба да се негува спортскиот дух како важен дел од развојот на младите.

И градоначалникот  на Охрид, Кирил Пецаков се заблагодари на Видеолотарија,  истакнувајќи дека оваа донација е дел од заложбата за вложување во спортската инфраструктура на градот.

Видеолотарија и во иднина, одговорно ќе продолжи со својата мисија за креирање на зони за спорт, забава и рекреација на најмладите низ целата земја. Со оваа стратегија, Видеолотарија касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Нашата идеја  е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра.

Комерцијален текст

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе