РК Вардар

Веселин Вујовиќ веќе не е тренер на Вардар

По серијата од седум порази по ред во Лигата на шампионите, Вардар реши да се раздели со тренерот Веселин Вујовиќ, пишува „г-спорт“. 

Поразот на гостувањето кај Загреб беше капката која ја прели чашата, па раководството на Вардар реши дека на тимот му е потребна тренерска промена.
 
Седумте порази по ред во Лигата на шампионите и загубениот меч од Еурофарм Пелистер 2 во домашното првенство беа дволни Вардар да му врачи отказ на Вујовиќ.
 
Ова беше третпат како Вујовиќ беше тренер на Вардар, ова му беше и најкраткиот престој во Скопје, претходно црвено-црните ги водеше од 2006 до 2009 и од 2011 до 2013. Овојпат не успеа да се задржи ниту една сезона.
 
Извор: Г-спорт.мк

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе